„СЛОБОДЕН ПЕЧАТ“ ОТКРИВА Нема да има реконструкција, туку нова влада со нов премиер

Премиерот Зоран Заев ќе го одложува поднесувањето на оставките сè до моментот кога ќе го обезбеди мнозинството. Штом ќе се случи тоа, веднаш СДСМ на непосредни избори ќе добие нов партиски лидер кој ќе биде и новиот мандатар за новата влада, објави Слободен печат.

2,078

Реконструкција на владата нема да има, туку ќе има нова влада што ќе ја состави нов премиер, кој ќе биде и лидер на СДСМ, открива весникот Слободен печат, повикувајќи се на добро упатени извори од Кабинетот на премиерот Зоран Заев.

Како што објави весникот, по окрупнувањето и по зацврстувањето на парламентарното мнозинство кое се очекува да се случи во блиска иднина, премиерот Заев ќе ги активира оставките што ги најави по дебаклот на локалните избори, а по официјализирањето на оставките ќе следува избор на нов лидер на СДСМ кој ќе биде и мандатар за состав на новата влада.






„Според нашиот извор, Заев ќе го одложува поднесувањето на оставките сè до моментот кога ќе го обезбеди мнозинството. Штом ќе се случи тоа, веднаш СДСМ на непосредни избори ќе добие нов партиски лидер. Засега не се открива наследникот на Заев. Тој ќе биде избран од повеќе предложени кандидати од кои членството на директни избори ќе го изгласа новиот претседател. Тој ќе биде и новиот мандатар за новата влада, ќе состави свој кабинет, што значи дека ќе нема реконструкција на актуелната влада. Заев и лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, разговорите ќе ги почнат во Клубот на пратениците. Под претпоставка да се договорат таа партија да му се приклучи на владејачкото мнозинство, тогаш и министерските позиции за Алтернатива ќе бидат во пакет со кадровските решенија за новата влада. Во таков случај, со оставката на премиерот Заев, во оставка ќе биде и целата влада. Новиот мандатар ќе предложи до претседателот на државата Стево Пендаровски програма и нов состав на владата. Се претпоставува дека некои од актуелни министри ќе си ги задржат позициите и во новата влада, а извесно е дека нема да бидат сменети министрите од ДУИ“, пишува весникот.

Поврзани содржини