СЛОБОДА ИЛИ ЌЕ ЈА РАЗОТКРИЕМЕ НУКЛЕАРНАТА ПРОГРАМА Хакери во Иран бараат слобода за затворениците од протестите

Хакерската група соопшти дека има 50 гигабајти внатрешни мејлови, договори и градежни планови поврзани со иранската нуклеарна централа Бушер, поддржана од Русија.

532

Иранската Агенција за атомска енергија денеска објави дека хакери кои дејствувале во име на неидентификувана странска земја упаднале во мрежата на компанијата што управува со нуклеарната централа и пристапиле до серверот каде е електронската пошта.

Анонимна хакерска група која себеси се нарекува Black Reward ја презеде одговорноста за хакерскиот напад и бара Техеран да ги ослободи политичките затвореници уапсени за време на протестите низ целата земја.






Хакерската група соопшти дека има 50 гигабајти внатрешни мејлови, договори и градежни планови поврзани со иранската нуклеарна централа Бушер, поддржана од Русија. Тие објавија и видео за кое велат дека е дел од нуклеарната програма.

 

Хакерскиот напад се случува во време кога Иран се соочува со немири ширум земјата предизвикани од смртта на Махса Амини, која беше приведенa на 16 септември поради наводно непочитување на строгиот исламски кодекс на облекување.

Иранската Агенција за нуклеарна енергија соопшти дека хакери упаднале во системот за е-пошта што го користи компанијата, која управува со единствената нуклеарна централа во земјата во јужниот пристанишен град Бушер.

Агенцијата обвини „странска земја” за нападот, без дополнително објаснување.

Поврзани содржини