СЛИКИ ОД ЖРТВИТЕ ОСАМНАА ПРЕД СУДОТ ВО БЕЛГРАД Започна второто рочиште за родителите на Коста К.

Српските медиуми јавуваат дка чуварот ги замолил родителите да ги тргнат сликите.

254

Родителите на жртвите од масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ донесоа слики од жрвтите и ги поставија пред зградата на Вишиот суд во Белград. Денеска започно второто рочиште во предметот во кој се обвинети Владимир и Милјана Кецмановиќ, родители на момчето убиец, 14-годишниот Коста К.

Српските медиуми јавуваат дка чуварот ги замолил родителите да ги тргнат сликите.






Пред Вишиот суд во Белград се присутни голем број медиуми, а во зградата се и родителите на убиените деца. Први пристигнаа родителите на убиената А.А., нејзиниот татко на денешното судење донесе голема слика од својата ќерка.

Вчера, на барање на в.д. вишиот јавен обвинител судот одлучи судењето да биде затворено за јавноста освен за родителите на жртвите.

Да потсетиме, според неофицијални информации од медиумите, родителите на момчето-убиец во понеделникот изјавиле дека „не се виновни“ . Исто така според неофицијални информации работниците на стрелиштето „Партизан практично пукање“ ја негирале вината.

 

 

Поврзани содржини