СЛИКИ ОД МОРЕТО И ЛОВОТ Изложба на Диме Темков во Кавадарци (ГАЛЕРИЈА)

Сите слики за изложбата на нашиот уметник кој инаку живее и работи во Љубљана, се насликани во ловиштето „Шешково“ над Тиквешкото езеро каде што уметникот бил гостин на неговиот пријател и истовремено, важен покровител за оваа изложба, Антон Тончев. Главен организатор на изложбата во понеделник (22.август) е Домот на културата „Иван Мазов-Климе“ во Кавадарци

144
В понеделник (22.август) во 20 часот, во Локален Музеј-Галерија Кавадарци ќе се отвори изложбата „Слики од морето и ловот“ на сликарот и графичар Диме Темков. Станува збор за дела кои уметникот ги создал за време на својот престој во ловиштето „Шешково“ над Тиквешкото Езеро, кај својот пријател и важен покровител за оваа изложба, Антон Тончев.

Станува збор за исклучително живи и колоритни дела во кои Диме Темков, очигледно, целосно ја внесува својата имагинација и експлозивност во создавањето на делата.

„Слики од морето и ловот е најновата имагинативна изложба на сликарот и графичар Диме Темков, во која тој ги афирмира творечките манифестации од водените и ловечките активности. Посебно се детализирани ловните богатства на планините Вишешница, Кожув и на Витачево каде што домашниот и интернационален лов има насобрано голем број интересни трофеи од различни животни, што претставува и ретко музејско богатство, дело на грижливо чување на ловни животни и нивен лов на Тиквешкото Езеро.

Презентацијата на ловните богатства од Шешково е ретка можност која ја искористи Диме Темков да развие многу форми од морскиот и од ловниот туризам од тиквешкиот единствен форум“, пишува проф. др. Кирил Темков во текстот за каталогот.

Диме Темков е роден во Скопје, во 1971 година, во семејство кое потекнува од Кавадарци. Завршил средно уметничко училиште и Факултет за ликовна уметност во Скопје. Постдипломски студирал во Академијата во Љубљана каде што живее и работи. Активен член е на организацијата Ротари и еден од основачите на Ликовната колонија во Кавадарци.

Каталогот за оваа изложба на Темков е збогатен и со прекрасните стихови на Билјана Камчева-Велкова.

 

 






Поврзани содржини