📽 📷 СЛИКАРИТЕ НА БРИТАНСКОТО КРАЛСКО СЕМЕЈСТВО НЕ СЕ БАШ ВЕШТИ Портретот на Кејт Мидлтон „малку“ е промашен

Списанието „Татлер“ објави насловна страница со портрет на принцезата Кејт Мидлтон за да ѝ „оддаде почит на нејзината храброст“, два месеца откако таа во видео објави дека боледува од рак.

1,332

Не помина долго време откако беше откриен нов портрет на кралот на Велика Британија, Чарлс, а веќе е откриен уште еден портрет на омилениот член на британското кралското семејсто, принцезата Кејт Мидлтон, кој предизвика негативни реакции, објави Еј-Би-Си њус.

Списанието „Татлер“ објави насловна страница со портрет на принцезата Кејт Мидлтон за да ѝ „оддаде почит на нејзината храброст“, два месеца откако таа во видео објави дека боледува од рак.






Портретот го насликала британско-замбиската сликарка Хана Узор која користела различни фотографии од принцезата за инспирација. Покрај портретите на принцезата, списанието објави и портрети на покојната кралица Елизабета Втора и на кралот Чарлс.

Насловната го комплетира кралскиот триптих со нов портрет – наведе магазинот.

Сепак, не сите се воодушевени од портретот на саканата принцеза.

„Значи се шегувате? Па, таа воопшто не изгледа така!“; „Ова изгледа како дете да го нацртало“; „Кој ти дал толку страшен портрет?“; „Ајде, ова е страшно! Не, извинете, добро е за седумгодишно дете!“, биле дел од гневните коментатори.

Обожавателите на британското кралско семејство пред неколку дена се налутија и на новиот портрет на кралот Чарлс поради светло-црвената боја која доминира на портретот.

„Извинете, но изгледа како да излегува од пеколот“, е еден од многуте коментари на тој портрет.

Поврзани содржини