СЛИКА НА МАКЕДОНИЈА ВО ЕДЕН СЕМАФОР Црвено и зелено светат истовремено (ФОТОВЕСТ)

Многу слично на државата во која живеат, вечерва на оваа раскрсница во Ѓорче Петров возачите не знаеја „кој пат да го фатат“.

938

Повеќе возачи кои вечерва се најдоа на раскрсница на главната улица во скопската населба Ѓорче Петров се најдоа во невозможна ситуација, откако на семафорот почнаа истовремено да светат и црвеното и зеленото светло.

Многумина прокоментира дека во слична политичка ситуација е и целата наша земја – не знае дали да оди или да стои и кој пат да го фати.






(Фото: Плусинфо)

Поврзани содржини