СЛЕТАА 13, ПОЛЕТАА 13 АВИОНИ, ОТКАЖАНИ 20, А ПРЕНАСОЧЕНИ 2 ЛЕТА Меѓународниот аеродром Скопје е отворен за сообраќај

Бидејќи временските услови се менуваат постојано и секоја авиокомпанија има свој праг на толеранција за слетување и полетување при намалена видливост, од ТАВ Македонија апелираат до сите патници да ги следат информациите и насоките за нивните летови кои ги добиваат од нивната авиокомпанија.

159

Од ноќеска на полноќ до вечерва во 20 часот на Меѓународниот аеродром Скопје, поради намалена видливост предизвикана од магла откажани се 20 летови, пренасочени се 2 лета, а полетаа и слетаа по 13 авиони, информира ТАВ Македонија.

„Слетаа 13 авиони, од: Дортмунд, Виена, Хамбург, Брисел, Белград, Загреб, Франкфурт, Венеција, Париз (Буве), Хамбург, Берлин, Минхен (Меминген), Цирих. Полетаа 13 авиони, за: Виена, Белград, Загреб, Брисел, Хамбург, Баден-Баден, Франкфурт, Берлин, Варшава, Базел, Барселона, а кон Рим (Фјумичино) и кон Малме ќе полетаат. Откажани се вкупно 20 летови (полетувања и слетувања), апренасочени се два лета“, соопшти ТАВ Македонија.






Бидејќи временските услови се менуваат постојано и секоја авиокомпанија има свој праг на толеранција за слетување и полетување при намалена видливост, од ТАВ Македонија апелираат до сите патници да ги следат информациите и насоките за нивните летови кои ги добиваат од нивната авиокомпанија.

„За патниците и за јавноста повторуваме: сите капацитети на Меѓународниот аеродром Скопје се во функција и аеродромот е отворен за авиосообраќај. Нашиот персонал, со нашата аеродромска опрема и аеродромски системи работат 24/7 и се подготвени да ги услужат и авионите и патниците. Промените во редовниот распоред на летање, се ажурираат на нашата веб-страница во реално време https://skp.airports.com.mk/ како што ни стигнуваат од авиокомпаниите. Доколку патниците имаат дополнителни прашања за нивниот лет можат да се обратат на пултот за информации во терминалната зграда или на телефонскиот број: +389 2 3148 333“, соопшти ТАВ Македонија.

Поврзани содржини