СЛЕДУВААТ ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ СО ГРМОТЕВИЦИ И СО ВЕТЕР Ќе врне во цела Македонија, локално до 30 литри на квадрат
До вторник претпладне ќе се задржи претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд, кои во понеделник наместа ќе бидат поројни и пообилни, со услови за појава на грмежи.
Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, најавува Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Најстудено ќе биде утрото во Маврово, каде температурата ќе се спушти до 6 степени. Најтопло ќе биде во Гевгелија, Струмица и во Демир Капија, со дневна температура до 18 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата ќе се движи од 9 степени наутро, до 17 степени во текот на денот.
И во следните денови ќе врне.
До вторник претпладне ќе се задржи претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Во понеделник наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни, наместа над 30 литри на квадратен метар за 24 часа. Ќе има услови за појава на грмежи.
Во деновите потоа времето ќе биде стабилно и суво.
