СЛЕДУВА ЗАЛАДУВАЊЕ И КОЧАН СТУДЕНИ УТРА СО ТЕМПЕРАТУРИ ДО МИНУС 5 Пролетта оди на пауза, ќе врне, ќе вее и ќе дува

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни, најави Управата за хидрометеоролошки работи.

1

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни, најави Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој ќе биде поизразен долж Повардарието.






Најстудено ќе биде во Берово, со утринска температура до минус 1 степен. Најтопло ќе биде во Гевгелија со температура до 15 стешени Целзиусови.

Фото: УХМР

 

Во Скопје времето претпладне ќе биде облачно, а попладне со услови за слаби врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурата ќе се движи од 4 степени наутро, до максимална дневна до 13 степени.

Во следните неколку денови времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, кои во западните делови ќе бидат пообилни. Поради спуштање на ладна воздушна маса на некои од повисоките места ќе има услови врнежите да поминуваат во дожд и снег, а на планините од снег.

Во среда во источните делови ќе дува умерен ветер претежно од јужен правец, а во западните делови од западен правец.

Од четврток ветерот ќе го смени правецот во северен. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање.

Во Скопје, во следните денови времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. До среда ќе дува јужен, а во четврток и петок умерен до засилен северен ветер.

Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање.

Фото: УХМР
Поврзани содржини