СЛЕДУВА СТАБИЛНО И СТУДЕНО ВРЕМЕ Сонцето ќе се појави за викендот

Следува период на стабилно и студено време со утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Во деновите од викендот ќе дува засилен до силен северен ветер (локално над 60 km/h).

29

Времето утре наутро ќе биде облачно, во крајните југозападни делови ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Во текот на денот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, попладне наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Температурите ќе бидат во интервал од -2 до 10 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.






Температурите ќе бидат во интервал од 2 до 7 степени.

Следува период на стабилно и студено време со утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Во деновите од викендот ќе дува засилен до силен северен ветер (локално над 60 km/h).

 

Поврзани содржини