СЛЕДУВА ПРИЈАТЕН ВЕЛИГДЕНСКИ ВИКЕНД Навечер дожд, преку денот сонце и северозападен ветер

Во Скопје времето утре ќе биде променливо облачно со услови за слаб локален дожд во вечерните часови и во текот на ноќта.

0

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди во текот на денот, најави Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе има услови за слаб локален дожд во источните и северните делови од Македонија во вечерните часови и во текот на ноќта. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер, поизразен долж Повардарието.






Најстудено ќе биде во Берово, со утринска температура до минус 2 степени. Најтопло ќе биде во Гевгелија со максимална дневна температура до 17 степени Целзиусови.

 

Фото: УХМР

Во Скопје времето утре ќе биде променливо облачно со услови за слаб локален дожд во вечерните часови и во текот на ноќта. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Температурата ќе се движи од 6 степени наутро до 16 степени во текот на денот.

Во недела и во понеделник следува преодна стабилизација на времето.

Во недела ќе биде умерено облачно со подолги сончеви периоди, а во понеделник ќе биде претежно облачно со краткотрајни сончеви период во централните делови од земјава.

Од вторник следува период на претежно облачно време со врнежи од дожд. Во вторник врнежите ќе бидат претежно во западните и во северните делови од Македонија.

Во среда и во четврток ќе биде облачно со слаби врнежи од дожд насекаде, кои ќе бидат пообилни во четврток.

До четврток ќе дува југоисточен ветер кој во понеделник и вторник ќе биде засилен, повремено силен и ќе достигне брзина од 50 километри на час.

 

Фото: УХМР
Поврзани содржини