СЛЕДУВА ПЕКОЛЕН БРАН СО ПРЕКУ 40 СТЕПЕНИ Сонцето ќе пече без прекин до крајот на неделата

Надлежните ги советуваат граѓаните да бидат внимателни, особено во најтоплиот дел од денот, да избегнуваат директно изложување на сонце и да внесуваат доволно течности.

547

Сончевото и топло време ќе продолжи до крајот на неделата, а температурите значително ќе се зголемат, предупредуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Според прогнозата, температурите од ден на ден ќе бидат во постепен пораст, особено од четврток па сè до крајот на викендот. Се очекува дневните температури насекаде во земјата да бидат над 30 степени Целзиусови, а на одделни места, особено во југоисточниот и централниот дел, да достигнат дури и до 40 степени.






„Во текот на наредните денови ќе преовладува стабилно, сончево и многу топло време. Највисоки температури се очекуваат во сабота и недела, кога на повеќе места може да се надмине прагот од 38 до 40 степени,“ велат од УХМР.

Граѓаните се советуваат да бидат внимателни, особено во најтоплиот дел од денот, да избегнуваат директно изложување на сонце и да внесуваат доволно течности.

Поврзани содржини