СЛЕДУВА НАПАД, ИТНО ПОВЛЕЧЕТЕ СЕ ОД ОКОЛИНАТА НА РАФИНЕРИИТЕ И ГАСНИТЕ ПОЛИЊА Саудиска Арабија, Емиратите и Катар добија предупредување од Иран
Во соопштението на ИРГЦ се вели дека жителите околу објектите, вклучувајќи ја рафинеријата „Самреф“ и петрохемискиот комплекс „Ал Џубаил“ во Саудиска Арабија, гасното поле Ал Хосн во ОАЕ, петрохемискиот комплекс „Масаид“ и рафинеријата „Рас Лафан“ во Катар, треба да се евакуираат од овие области, бидејќи тие се легитимни цели што ќе бидат нападнати во наредните часови.
Корпусот на Исламската револуционерна гарда на Иран (ИРГЦ) издаде итно предупредување за евакуација на граѓаните од областите на нафтените објекти во Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и во Катар, бидејќи тие се легитимни цели што ќе бидат нападнати во наредните часови.
Во соопштението на ИРГЦ се вели дека жителите околу објектите, вклучувајќи ја рафинеријата „Самреф“ и петрохемискиот комплекс „Ал Џубаил“ во Саудиска Арабија, гасното поле Ал Хосн во ОАЕ, петрохемискиот комплекс „Масаид“ и рафинеријата „Рас Лафан“ во Катар, треба да се евакуираат од овие области.
„Овие центри станаа директни и легитимни цели и ќе бидат нападнати во наредните часови. Затоа од сите граѓани, жители и вработени се бара веднаш да ги напуштат овие области и да се преселат на безбедно растојание, без одложување“, се вели во предупредувањето на ИРЦГ.
Американско-израелските напади врз Иран почнаа на 28 февруари и покрај тековните, индиректни преговори меѓу Техеран и Вашингтон за нуклеарната програма на Иран.
Иран одговори со масовни напади со ракети и беспилотни летала, насочени кон американските бази во регионот и воените цели во Израел.