Следните 10 години дерман од Бугарија ќе немаме, ако влеземе во оваа игранка!

Мајчиното млеко ќе ни го загорчат, да знаете! Нема да смееме збор да кажеме што не им е по ќеф, оти заушки од Европа на секое ќе јадеме. И по затвори ќе лежиме ако ги нервираме.

2,532

Народот јасно и гласно кажа дека не прифаќа никакви отстапки и пазарење со Бугарија. Никакви.

Направена е една голема отстапка кон Грција со промената на името на државата, иако и тогаш имаше револт кај голем дел од граѓаните, но за полесно да ја проголтаме таа кнедла ни беше ветено и од домашните и од странските лидери дека тоа е последната концесија на патот на нашите евро-атлански интеграции. Понатаму, демек, ни останува само да работиме на политичко-економските критериуми за доближување до ЕУ стандардите.






Тој и таков беше наративот, сите го паметиме.

Неколку години подоцна, повторно сме седнати на преговарачка маса, да преговараме за нешто за што не смееме ниту да помислиме. И повторно нѐ убедуваат дека ова е за наше добро, а на сите ни е јасно дека ова е копање на сопствената гробница.

Ова, другари, е отварање на Пандорината кутија полна со уцени и малтретирања. Следните 10 години дерман од Бугарија ќе немаме, ако влеземе во оваа игранка.

Мајчиното млеко ќе ни го загорчат, да знаете!

Нема да смееме збор да кажеме што не им е по ќеф, оти заушки од Европа на секое ќе јадеме. И по затвори ќе лежиме ако ги нервираме.

Овие што сега ве убедуваат дека ова е за наше добро, стратешки ќе бидат дислоцирани по белиот свет, натанкирани со пари и злато. А вие, вие ќе си грицкате од чемерот што ќе ви го остават во наследство.

Ете тоа е она што нѐ чека.

(ФБ статус на авторот)

Поврзани содржини