СЛЕДНИОТ ПАТ ЌЕ ИСТЕПААТ НЕКОЈ ГОСТИН! Љубчо Георгиевски ја осуди Канал 5 за односот кон Рамадани
„Ваков примитивизам во 30 години демократија немаме видено, а мислам дека и во светското новинарство нема ваков преседан“ – коментира лидерот на ВМРО-НП.
Лидерот на ВМРО-Народна партија и поранешен премиер Љубчо Георгиевски го нарече „голем срам за македонското новинарство“ синоќешниот инцидент на емисијата „Само вистина“ на Канал 5, во кој емисијата беше прекината, а гостинот Исмет Рамадани беше избркан од директорот Иван Мирчевски, кој во живо се вклучи во емисијата.
„Канал 5 ТВ поставува нови стандарди во македонското новинарство. Добро би било и да истепаат некој гостин наредниот пат. Ваков примитивизам во 30 години демократија немаме видено, а мислам дека и во светското новинарство нема ваков преседан. Голем срам за македонското новинарство“ – коментира Љубчо Георгиевски.