СЛЕДНАТА НЕДЕЛА ЌЕ ЗАПОЧНЕ СО ПЕКОЛНИ ЖЕШТИНИ Температурата од утре само ќе расте

Температурата ќе биде во постепен пораст, а особено топло време се очекува од почетокот на следната недела.

648

Во следните денови времето ќе остане сончево и топло со мала до умерена облачност.

Во попладневните часови ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи.






Како што информира УХМР, температурата ќе биде во постепен пораст, а особено топло време се очекува од почетокот на следната недела.

Утре утринските температури ќе се движат од 10 до 19 степени Целзиусови, а дневните од 24 до 35 степени Целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 8. Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, слаб до умерен ветар од северозападен правец и температура до 33 степени.

Поврзани содржини