Следната недела почнува „Скопско лето“
На 41-то издание на фестивалот ќе учествуваат само домашни уметници, што, сметаат од Дирекцијата, ќе биде можност тие да излезат од повеќемесечната изолација.
Фестивалот „Скопско лето“ официјално ќе биде отворен следната седмица кога се очекуваат да бидат подготвени сите протоколи за безбедно одржување, информира .Дирекцијата за култура и уметност на Скопје,.
Дирекцијата, соопшти дека програмата е подготвена и ќе придонесеме во внесувањето позитивна енергија кај публиката и граѓаните воопшто.
На 41-то издание на фестивалот ќе учествуваат само домашни уметници, што, сметаат од Дирекцијата, ќе биде можност тие да излезат од повеќемесечната изолација.
Во наредниот месец колку што ќе трае фестивалот ќе има концерти, изложби, театарски претстави, филмска програма, промоции на книги.
– Притоа, строго ќе бидат почитувани мерките и протоколите издадени од здравствените и државните институции за заштита од коронавирусот: задолжително носење заштитни маски, ограничен број на публика соодветно на просторот, оджување на физичко растојание, дезинфекција, онлајн продажба на влезници. Има изработено и соодветни протоколи за секој простор одделно – велат од Диркецијата за култура и уметност на Скопје.