СЛЕДНАТА НЕДЕЛА ЌЕ СТАРТУВА ИЗГРАДБАТА НА ВЕТЕРНИОТ ПАРК Мицкоски најави уште една инвестиција за една недела
Претседателот на Советот на странски инвестиции Виктор Мизо рече дека странски инвестиори кои ја напуштиле земјава не донеле одлука поради тоа што овде биле лоши условите за работа, туку бидејќи сакале да направат големи компании на едно до две места во Европа.
Имаме двоцифрен број на компании со кои преговараме и кои би инвестирале во земјава. Дел од нив се компании кои веќе се присутни во змејава, а дел се нови, рече премиерот Христијан Мицкоски запрашан дали некои од странските инвеститори најавиле заминување од земјава порад иактуелните светски случувања.
-Очекувам следната недела да почне да се гради големиот ветерен парк од половина милијарда долари. Очекувам уште една компанија наредната недела да го прошири своето производство со нова инвестиција и очекувам уште неколку компании да отпочнт со своите инвестиции до крајот на годината. Така што не само што немаме наламување туку имаме голем интерес. Очекувам по договорот со САД за царните да имаме уште повеќе инвестиции. Она што ние го правиме е тоа да креираме бизнис клима која е добра за сите инвеститори – рече Мицкоски.
Тој рече дека за дел од параметри на кои укажале странските инвеститори кои зависат од владата се едно до две законски решенија, но за останатите владата ќе треба да ги консултира работниците.
Претседателот на Советот на странски инвестиции Виктор Мизо рече дека странски инвестиори кои ја напуштиле земјава не донеле одлука поради тоа што овде биле лоши условите за работа, туку бидејќи сакале да направат големи компании на едно до две места во Европа.
Тој повтори дека странските компании кои се присутни во земјава се зависни од случувањата во Европската Унија и од Германија посебно.
-Европската економија уште е анемична и нашиот обем на работа зависи од тие случувања, но некои напуштања или некои драстични отпуштања од работа нема да има – рече Миз0.