СЛЕДНАТА НЕДЕЛА ЌЕ СОБЕРЕМЕ ПОТПИСИ ЗА РЕФЕРЕНДУМ Мицкоски го кажа референдумското прашање

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе ги започнат процедурите за распишување референдум и дека тој референдум ќе биде задолжителен.

1,044

„Дали сте за напуштање на важноста на Законот за ратификација за Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Македонија и Бугарија објавен во Службен весник од 18.01.2017?“.

Ваков предлог за референдумско прашање соопшти вечерва лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, откако Извршниот комитет на партијата го усвои референдумското прашање.






Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе ги започнат процедурите за распишување референдум и дека тој референдум ќе биде задолжителен.

– Извршниот комитет на нашата партија вечерва донесе одлука за граѓанска иницијатива за собирање потписи за референдум. Во текот на наредната недела ќе собереме најмалку 100 кваификувани потписи за иницијативата да ја доставиме во Собранието. По одобрувањето, ќе започнат роковите за собирање потписи за задолжителен референдум. Референдумксото прашање ќе се однесува на Договорот со Бугарија кој го склучи Зоран Заев. Тоа е основата на проблемот. ВМРО-ДПМНЕ ќе повика да се гласа „за“ на прашањето. Власта да дозволи народот да се изјасни – порача Мицкоски.

На оваа иницијатива првопотпишан ќе бидам јас, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

– Извршниот комитет на партијата, пратениците, по што очекувам Собранието во брзи рокови да ја легитимира и одобри иницијативата по што ќе започнат роковите за собирање на 150.000 потписи за распишување на задолжителен референдум, повторувам задолжителен референдум – рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ додавајќи дека партијата ќе повика да се гласа за престанување на важноста за овој, како што вели штетен договор.

Раскинувањето на овој договор, според него, ќе значи раскинување на барањата за промена на учебници, спорење на јазикот историјата, културата итн.

Мицкоски нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ поддржува интеграција на Македонија во рамките на Европската Унија без никакви дилеми, но, не поддржува асимилација, промена на историски факти, откажување од посебноста на јазикот и идентитетско обезличување.

Лидерот на опозициската партија нагласи дека седницата на ИК на партијата следи по широките консултации што ги направил изминатиот месец дена. Разговарал и се консултирал со експерти и професори по уставно право, коалициските партнери, пратениците при што заеднички се стигнало до решение кое беше потврдено едногласно од страна на Извршниот комитет.

Мицкоски очекува власта да дозволи да се изјасни народот и да се стави крај на уцените притисоците и кочењата на Бугарија. Ова, рече, „да биде одговор на народот за својата Македонија и за нашата заедничка иднина“.

Поврзани содржини