СЛЕДНАТА НЕДЕЛА ЈАВНА АНКЕТА ЗА ТРЕТАТА ВЕРЗИЈА НА ДУПОТ ЗА ЛИСИЧЕ Општина Аеродром понуди трета коригирана верзија

За следната недела е закажана јавната анкета за третата коригирана верзија на планот, каде граѓаните може да ги споделат своите предлози и забелешки.

168

Општина Аеродром ја изготви третата коригирана верзија на Деталниот урбанистички план за градска четврт JИ09 блок 09.01 кој се однесува на дел од населбата Лисиче. Новата верзија на планот предвидува дополнително намалување на бројот на станбени згради, каде покрај првичното кратење на бројот на објекти за групно домување, во последната верзија се прави дополнително намалување.

– При изготвување на втората и на третата коригирана верзија на планот, Општина Аеродром ги зеде предвид забелешките доставени од граѓаните и од правните лица. Во таа насока, согласно нивните барања актуелната верзија на Деталниот урбанистички план, освен намалување на бројот на проектирани улици, предвидува и две нови зелени површини во форма на парковско зеленило и намалување на бројот на објекти за групно домување, како и кратење во делот на нивната катност. Конкретниот Детален урбанистички план предвидува и можност на изградба на голем број индивидуални објекти, а со неговото донесување ќе се решат и голем дел од проблемите со легализација на индивудалните објекти за домување – велат од Општината.






Општина Аеродром е цврсто решена да изготви Детален урбанистички план во кој ќе бидат земен предвид најголем дел од забелешките на граѓаните и план кој ќе ги реши отворените урбанистички прашања. Конкретната верзија на планот за дел од населбата Лисиче ги остварува нашите заложби за нови парковски површини, зеленило и хумана урбанизација на просторот.

– Процесот на носење на Деталниот урбанистички план, општината го спроведе во транспарентна постапка со целосна вклученост на граѓаните и редовно информирање на јавноста – додаваат од Општината.

За следната недела е закажана јавната анкета за третата коригирана верзија на планот, каде граѓаните може да ги споделат своите предлози и забелешки.

 

Поврзани содржини