СЛЕДНАТА ГОДИНА ЌЕ ПРОРАБОТИ СЕЈФ СИТИ Судовите да се подготват, дневно ќе се изрекуваат илјадници казни
Дорегулирањето на постапката за заштита на личните податоци е во тек, односно во периодот што следи, запазувајќи ги сите законски регулативи. Секако ќе има период на информирање на граѓаните, нивно прилагодување кон системот со цел да стартуваме сите спремни и заедно да градиме сообраќајна култура која ќе резултира со ред во сообраќајот без жртви - потенцираше Тошковски.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски рече дека очекува Сејф Сити да се прилагоди, да се утврдат процедурите, ќе треба судовите да бидат подготвени да изрекуваат голем број казни на дневно ниво. Tошковски очекува системот целосно да биде ставен во функција веќе следната година во Скопје, Тетово и Куманово.
– Проектот иако планиран и почнат од порано не се предвиделе системските решенија како ќе се имплементира и низ другите институции како судовите. Законските измени ќе бидат во насока на усогласување на нашето законодавство со европското законодавство. Измените се однесуваат на воведување на нови членови во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата кои директно се однесуваат на сопственикот на возилото (или оној со правото на користење на возилото) со кое е сторен сообраќајниот прекршок. Сообраќајниот прекршок ќе биде документиран со соодветни технички средства и уреди за снимање при што на сопственикот на возилото ќе му биде доставен соодветен поднесок за сторениот сообраќаен прекршок. Дорегулирањето на постапката за заштита на личните податоци е во тек, односно во периодот што следи, запазувајќи ги сите законски регулативи. Секако ќе има период на информирање на граѓаните, нивно прилагодување кон системот со цел да стартуваме сите спремни и заедно да градиме сообраќајна култура која ќе резултира со ред во сообраќајот без жртви – потенцираше Тошковски.
Инаку системот ќе регистрира сообраќајни прекршоци како што се минување на затворен сигнал (црвено светло), возење со брзина поголема од дозволената и непрописно паркирање со крајна цел зголемување на сообраќајната култура и намалување на сообраќајните несреќи со човечки жртви чии бројки се очекува драстично да се намалат.
Тошковски истакна дека Министерството е целосно посветено кон креирање на опремена, обучена и модерна европска полиција која ќе ја штити безбедноста на сите свои граѓани и бескомпромисно ќе се бори со сите видови криминал и корупција кои ја нагризуваат функционалноста и просперитетот на општеството.
Министерот рече дека при преземањето на функцијата иако начеканата состојба била катастрофална во поглед на организација и ресурсим сепак и со тие ресурси и голема посветеност резултатите во борбата со организираниот криминал и корупцијата дава значително подобри резултати од претходно. Тој додаде дека за разлика од минатото, повеќе нема протекување на информации од нивните редови, па затоа акциите се успешни.
– Еден врховен судија и еден член на Совет на јавни обвинители со правосилна пресуда повеќе не се дел од рекетарски систем којшто институционално го граделе години наназад. Во една недела за два дена имавме две сеопфатни акции, едната на територија на Југоисточна Македонија и едната на Западна Македонија. Разликата од претходно во спроведување на таков тип на акции е што тогаш на денот на акцијата некако магично првите луѓе на тие криминални групи секогаш беа надвор од државата и недостапни за полицијата, а беа апсени луѓе кои не се носители на криминалот. Е сега таква информација која ќе им дозволи да избегаат не протекува и затоа акциите се успешни и ќе продолжат да бидат успешни – дециден беше министерот.