СЛЕДНАТА ЦЕЛ НА ПУТИН Е ФИНСКА? Претседателот итно се вратил во Хелсинки

Очигледно дека изјавата на Путин оставила впечаток на Ниинисте, кој заедно со сопругата ја напушти серемонијата на Оландските Острови, каде се одбележуваше стогодишнината од нивната демилитаризација.

2,978

Финскиот претседател Саули Ниинисте изнеадувачки ја откажа вечерата со шведскиот крал, само неколку часови по обраќањето на Владимир Путин, кој говореше за Петар Велики, рускиот цар кој водел успешна војна со Шведска.

– Петар Велики ја водел големата северна војна 21 година. Иако изгледа дека тој војувал со Шведска и земал нешто од неа, тој само вратил она што е руско – кажа Путин на отворањето на изложбата посветена на големиот руски цар.






Очигледно дека изјавата на Путин оставила впечаток на Ниинисте, кој заедно со сопругата ја напушти серемонијата на Оландските Острови, каде се одбележуваше стогодишнината од нивната демилитаризација. Шведските медиуми јавија и дека нивниот монарх накратко по тоа ја напуштил церемонијата.

„Дејли мејл“ шпекулира дека финскиот претседател ги напуштил Оландските Острови и се вратил во Хелсинки, бидејќи бил известен за непосредната близина на руската балтичка флота. Медиумите известуваат дека во близина на Каленинград, руската флота изведува маневри, па можеби тоа било причина за повлекувањето на Ниинисте.

Балтикот во последните недели стана вистински воен полигон, откако вежби одржаа и американските сили, а потоа вежбаа и Финците, заедно со Британците.

Голем број на аналитичари сметаат дека токму Финска е наредната цел на Владимир Путин, кој не е задоволен од интенцијата на земјата да стане членка на НАТО.

Поврзани содржини