СЛЕДИ ТЕСТИРАЊЕТО НА УЧЕНИЦИТЕ Ќе бидат опфатени над 8.000 основци и средношколци
Оваа недела ќе се бара писмена согласнот од родителите, со цел да се види дали во училиштата има асимптоматски случаи - рече министерот кој очекува овој скрининг да заврши за 10 дена до две недели.
Венко Филипче, министерот за здравство денеска кажа дека во следниот период од 7 до 10 дена, ќе бидат тестирани по случаен избор ученици од сите основни и средни училишта.
– Според методологијата која ја изработивме, во следниот период ќе бидат тестирани учениците во сите средни и основни училишта заедно со министерството за образование ќе бараме дозвола од родителите. Ова ќе биде со цел да направиме пресек каква е ситуацијата во училиштата. Ќе се бираат ученици по случаен избор. Процесот би требало да заврши оваа, најдоцна до следната недела, по што ќе излеземе со резултати – рече Филипче.
Филипче го најави и корона скринингот во образовните институции.
– Според методологијата во следниот период ќе бидат тестирани 8.200 учениците од основното и средното образование. Оваа недела ќе се бара писмена согласнот од родителите, со цел да се види дали во училиштата има асимптоматски случаи – рече министерот кој очекува овој скрининг да заврши за 10 дена до две недели.
Ситуацијата со пандемијата е прилично стабилна, повеќе денови имаме идентичен број на новодијагностицирани, односно од 450-500 е бројот на новозаразени. Бројот на хоспитализирани се намалува ширум болниците во државата, порача денеска на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче, информирајќи за епидемиолошката слика во нашата земја.
Тој информираше дека досега 789 000 граѓани се вакцинирани.
– Вакцинирани се 47% од полнолетните граѓани со една доза, а 38, 2% со две дози. Има разлика до општина до општина. Најмногу вакцинирани со две дози има во Вевчани, Гевгелија, Кавадарци, Охрид, Демир Капија, а најмалку вакцинирани има во Липково, Ново Село и Македонска Каменица. Вакцини има доволно – рече Филипче.
Анализата на бројот на позитивни и хоспитализирани, како и смртни случаи ја потвдува ефикасноста на вакцината, потсети министерот, информирајќи дека околу 77 од новозаразените и 79 од новохоспитализираните се невакцинирани.