Следете ја зелената патека, почнува SKOPJE LIGHT ART DISTRICT
Фестивалот годинава ќе испрати пораки за заштита на животната средина - преку одговорни одлуки и начин на живот да се заштити природата и нејзините богатства - се вели во соопштението од Градот.
Од Камениот мост, преку зградата на МЦМ до Градскиот парк – вечер, во 20:30 часот, почнува третото издание на Mеѓународниот фестивал на светлосната уметност, Skopje Light Art District. Фестивалот ќе трае од 19 до 22 август, ќе се одвива по однапред утврдена рута и за посетителите ќе понуди многубројни светлосни инсталации кои ќе ги оживеат објектите во центарот на градот.
– Третото издание на фестивалот на светлината претставува симболичен мост, живописна врска што ги обединува уметноста, технологијата и науката, минатото со сегашноста и иднината, градот и природата, користејќи го јазикот на светлината. Фестивалот годинава ќе испрати пораки за заштита на животната средина – преку одговорни одлуки и начин на живот да се заштити природата и нејзините богатства – се вели во соопштението од Градот.
За полесна комуникација, запознавање со уметниците и нивните дела, како и утврдената мапа за движење, Skopje Light Art District создаде и Андроид апликација која посетителите ќе можат да ја симнат на своите мобилни телефони и да ја користат за време на фестивалот. Апликацијата е достапна на: https://play.google.com/store/apps/details?id=com.o.sklad2020
Mеѓународниот фестивал на светлосната уметност е во организација на Универзална Сала и Град Скопје, со поддршка на Делегацијата на Европската унија и Францускиот институт во Скопје.