Славните во паника: Ќе бидат објавени имињата на сите кои патувале со приватните авиони на Епштајн

2,331

Јавниот обвинител на Девствените острови, каде сега веќе починатиот милијардер-педофил имал луксузен имот и извршил бројни сексуални злосторства, ги побара на увид документите околу тоа кои биле патници во авионите на Џефри Епштајн.

Податоците се однесуваат на неговите четири хеликоптери и три авиони и тоа во периодот од 1998 година, па сѐ до самоубиството на Епштајн во 2019 година. Обвинителката Денис Џорџ поднесе тужба, наведувајќи 22 точки кои вклучуваат трговија со луѓе, силување, злоставување на деца, присилна работа и проституција.






Џорџ исто така ги бара на увид сите „жалби или извештаи за потенцијално сомнително однесување“, како и личните белешки на пилотите. Ќе се „чешлаат“ и сите кои што соработувале со пилотите, комуницирале со Епштајн и сите оние кои патувале со милијардерот.

Пилотот Дејвид Роџерс претходно објави информации од 2009 година кои покажаа дека британскиот принц Ендру, Бил Клинтон, Кевин Спејси и Наоми Кемпбел биле меѓу патниците во приватните авиони на Епштајн. Сепак, не се тврди дека тие биле свесни за злосторствата кои ги сторил Епштајн.

Според некои извори, ова предизвикало паника меѓу богатите и славните, а адвокатите на жртвите велат дека неодамна објавените извештаи не ги вклучуваат и податоците на пилотот Лери Високиј кој со Епштајн летал повеќе од 25 години.

Да потсетиме, Епштајнн изврши самоубиство во својата затворска ќелија во август минатата година откако беше обвинет за трговија со малолетнички. Минатиот месец Вирџинија Жуфре, една од неговите жртви, наведе дека принцот Ендру му бил редовен гостин на Епштајнн.

Поврзани содржини