СЛАВНИОТ ТУРСКИ ПАР ЌЕ СЕ ВЕНЧА ВО ОХРИД Актерката Ебру Шахин и кошаркарот Чеди Осман (ФОТО)

Осман своето детство го поминал на овие простори, бидејќи е роден во Охрид од татко Турчин и мајка Србинка од Нови Пазар.

2,083

Кошаркарот на Кливленд Кавалирс Чеди Осман одморот го поминува со својата девојка, позната турска актерка Ебру Шахин, која на социјалните мрежи сподели видео од забавата во Охрид.

Осман и Шахин се во друштво на пријателите и семејството.






Ова и не е толку чудно бидејќи Осман своето детство го поминал на овие простори, бидејќи е роден во Охрид од татко Турчин и мајка Србинка од Нови Пазар.

Врската со Ебру Шахин трае подолго време, а викендов следува и венчавката, и тоа токму во Охрид.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ebru Şahin (@rebrusahin)


Како што пренесуваат турските медиуми, венчавката на познатиот пар ќе се случи викендов на брод на Охридското Езеро, а потоа на 7 јули ќе организираат и свадбена веселба и во Турција. Тие веќе неколку дена престојуваат во Охрид каде уживаат на плажите и во ноќниот живот. Ебру редовно споделува импресии на својот Инстаграм.

Ебру и Осман се свршија во 2021 година.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @ohrid.1

Осман започна да се занимава со кошарка во КК Босна, а како дванаесетгодишник потпиша договор со Анадолу Ефес, денес двократниот актуелен шампион на Европа.

Тој помина десет години во Ефес, а од 2017 година игра во НБА за Кливленд Кавалирс.

Поврзани содржини