СЛАВНИОТ ТУРСКИ ГОТВАЧ БАРА РАБОТНИК ЗА СВОЈОТ РЕСТОРАН Платата ги изненади сите!

Salt Bae во огласот навел дека бара готвач кој ќе биде платен 16 долари по час, плус бакшиш.

1,807

Славниот турски готвач Нусрет Гокче, исто така познат и како Salt Bae, бара готвач за својот раскошен ресторан „Nusr-Et Steakhouse“ во Лондон, но платата ги изненади многумина имајќи предвид дека дневницата на работникот е еднаква на цената на пирето од компири на менито на овој ресторан.

Ресторанот објавил оглас на Caterer.com и нуди само 16 долари по час плус бакшиш, што е цената на пирето од компири или слатка пченка во ресторанот на славниот Нусрет.






„Ќе играте витална улога во големиот тим и ќе го поддржувате главниот готвач за време на неговата служба. Нусрет на успешниот кандидат му нуди високо конкурентна плата и одлични можности за глобален развој на кариерата“, се вели во огласот.

Неодамна на интернет се појавија сметки од ресторанот Salt Baea, а високите цени изненадија многу луѓе. Имено, цената на стекот на сметката изнесувала 913 долари.

Salt Bae во моментот има 17 ресторани во својот успешен синџир на ресторани и има мноштво славни гости од Леонардо Дикаприо до Дејвид Бекам.

 

 

Поврзани содржини