Славниот спортист среде венчавка ги видел голите фотографии од сопругата и избркал 500 гости ФОТО

4,728

Светскиот првак во борење, Заурбек Сидаков, ја прекинал својата венчавка среде забавата и ги избркал сите гости, заради ситуација која е и повеќе од необична.

Еден од најдобрите борачи во светот се ожени со убавицата Мадина Плијева, а среде церемонијата сите гости започнаа да примаат пораки на своите мобилни телефони.






Станува збор за голи фотографии од невестата, која во текот на венчавката е обвинета дека е проститутка. Авторот на пораките е сопругата на љубовникот на Мадина која ги пронашла експлицитните фотографии во неговиот мобилен телефон, тврдат извори за „Сан“.

Сидаков во тоа време го играл традиционалниот танц со пријателите, додека невестата била во соседната соба. Тој веднаш се разбеснил и упадна во просторијата каде што танцувала неговата сопруга, влечејќи ја за коса пред сите.

Веднаш ја откажал прославата на венчавката и сите 500 гости ги избркал, а Мадина останала расплакана на подот од салата.

– Мадина потекнува од богато семејство, но пред три години беше вљубена во оженет човек и нејзините пријатели знаеја за тоа. Таа нема никаква врска со него со години, а сите тие снимки и фотографии се од пред три години – тврдат извори блиски на шокираната невеста.

Љубовникот на Мадина наводно бил моќен руски милијардер, но неговиот идентитет не бил откриен.

 

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини