Раперот Фред Годсон почина на 35-годишна возраст, откако заболел од коронавирус. Музичарот пред две недели бил пренесен во болницата во Њујорк.
На својата последна објава на Инстаграм, музичарот лежи приклучен на респиратор.
„Јас сум овде со ковид-19. Ве молам, сетете се на мене во молитвите”, напишал Фред со хаштагот Бог е голем.
Неговата вдовица, ЛиЕн Џемот известувала за состојбата на својот сопруг во болницата додека тој се борел против коронавирусот, но сè уште не се огласила по повод неговата смрт.
Многу пријатели и обожаватели се збогуваа со Фред на социјалните мрежи.
„Спиј мирно, пријателе. Никогаш нема да бидеш заборавен“, „Не можам да верувам. Имавме толку многу соништа и толку многу идеи кои никогаш нема да се остварат“, „Почивај во мир, пријателе“, се некои од коментарите.
View this post on Instagram
I’m in here wit this Corvus 19 shit! Please keep me in y’all prayers!!!! 🙏🏿🙏🏿🙏🏿 #godisgreat
FOTO: Instagram