📷 СЛАВНИОТ ПРОДУЦЕНТ ПОЧИНА НА 62 ГОДИНИ Јавноста шокирана од начинот на кој беше соопштена веста за неговата смрт
Недолго откако почина, на неговата официјална страница на Инстаграм се појави потресна објава дека мексиканскиот ТВ-продуцент Мемо дел Боске сам си ја напишал и оставил да биде објавен по неговата смрт.
Познатиот мексикански ТВ-продуцент Мемо дел Боске почина на 62-годишна возраст по долга борба со ракот. Веста за неговата смрт ги потресе обожавателите во светот, а најмногу ги вознемири начинот на кој беше соопштена оваа трагична вест.
Имено, недолго откако почина, на неговата официјална страница на Инстаграм се појави потресна објава која Мемо сам ја напишал и оставил да биде објавена по неговата смрт.
View this post on Instagram
– Сакам да споделам дека дојдов до крајот на мојот живот. Ракот беше огромна битка што ја водев со сè што имав, но Бог одлучи оваа болест повеќе да не ми нанесува штета.
– Благодарен сум на Бог што ми дозволи да живеам од моментот кога ми беше откриена болеста, да уживам со моите деца, Вико и со целото семејство. Им благодарам на моите пријатели кои никогаш не ме оставија. Ви благодариме за сета љубов – гласела објавата.
На познатиот продуцент уште во 2017 година му беше дијагностициран рак, а зад себе остави богата кариера во светот на телевизијата.