Славниот пејач обвинет за сексуално злоставување на тинејџер, кого го запознал во „Мекдоналдс“

523

Пејачот Р. Кели се соочува со нови обвинувања за сексуално злоставување, пишува Би-би-си.

Обвинителството тврди дека тој сексуално злоставувал 17-годишно момче, кое го запознал во „Мекдоналдс“ во Чикаго во 2006 година.






Странските медиуми пишуваат дека тинејџерот наводно бил амбициозен музичар и дека Кели му понудила помош во кариерата и на крајот го навел на сексуална врска.

Р. Кели негираше дека злоставувал некого, а неговите адвокати не ги коментираа последните обвинувања. Обвинителите сакаат доказите за ова и за другите злосторства да бидат разгледани на рочиштето закажано за август.

Судијата допрва треба да донесе одлука дали новите доказиќе бидат разгледани, а Кели е во затвор и чека судење речиси две години поради обвиненијата за сексуално искористување на деца, поседување детска порнографија, рекетирање и попречување на судски постапки.

Инаку, ар-ен-би ѕвездата со вистинско име Роберт Силвестер Кели, веќе со децении се соочува со обвинувања за сексуално вознемирување и злоупотреба на жени, меѓу кои се и многу тинејџерки.

 

 

Поврзани содржини