Пејачот Мет Гос, кој беше голема sвезда како фронтмен на групата „Брос“ во осумдесеттите години, откри дека за време на настапот во живо преку социјалните мрежи ѝ го спасил животот на обожавателка, кој му напишала дека сака да се самоубие.
Веднаш, вели тој, ја запрел свирката, ја повикал девојката и разговарал со неа 20 минути за да ја убеди да повика брза помош и да се смири.
– Срцето ми скокна во грлото кога таа напиша дека сака да стави крај на нејзиниот живот. Не можев да ја игнорирам. Ја запрев свирката и ја повикав. Таа беше во многу лоша состојба. Беше дома сама, па ја убедив да повика брза помош и полицијата – рекол пејачот.
Тој додаде дека таа знаела дека ја сфаќа сериозно.
– Таа сакаше некој да ја сослуша. По дваесетина минути почна малку да се смирува. Проверив неколку пати подоцна и таа ми рече дека се чувствува подобро и дека чувствува дека има најдобар пријател на светот. Се чувствувам смирено затоа што можев да помогнам некому кој беше на работ “, изјави пејачот за „Сан“.