Славниот готвач шеф Гордон Ремзи се посрамоти – отпушти 500 вработени и не смее пред очи да им се појави!
Намести лично на вработените да им ги соопшти причините, Ремзи одлучил веста да им ја пренесе негов директор, а тој се обрати на Инстаграм.
Славниот готвач шеф Гордон Ремзи се уште нема разговоарано со својот персонал, откако одлучи да отпушти повеќе од 500 луѓе во своите ресторани поради епидемијата на коронавирус.
Вработените разбрале дека нивните договори се прекинати на состанок во минатиот петок, на кој Гордон Ремзи испратил свој директор на вработените да им ја соопшто веста што многумина ја примиле со солзи, пишува metro.co.uk.
Вработените откриваат дека славниот готвач со нив не проговорил ни збор за отпуштањата. Тие се тажни и разочарани. Една од нив раскажува: „Да беше таму, на состанокот, ситуацијата ќе беше поинаква. Тоа ќе покажеше дека е загрижен за нас, но тоа не се случи“.
Наместо тоа, Гордон Рeмзи постирал изјава на Инстаграм.