Славниот готвач се лути кога луѓето мислат дека му е дедо на 19-месечниот син

653

Славниот готвач (54), кој има пет деца – Меган (22), близнаците Џек и Холи (20), Матилда (19) и Оскар (19 месеци) – со сопругата Тана, е уморен од тоа што луѓето, кога сите се заедно, мислат дека неговото најмало дете, всушност, му припаѓа на постариот син, а дека тој е дедото.

„Најлошата работа е кога шетаме со Тана и Џек и сите гледаат во Џек како Оскар да е негов син. Сигурно сте горди што сте дедо“, вели Гордон алудирајќи на тоа што си го мислат луѓето кога ги гледаат сите заедно, и на крајот додава: „По ѓаволите, тој е наш“.






„Ако уште еднаш ме наречат дедо, ќе бидам многу лут!“

Гордон е познат по својата страст кон фитнесот и е воодушевен што неговите деца тргнаа по неговите стапки кога станува збор за настани за издржливост.

Легендарниот готвач за новиот број на британското списание Men’s Health изјави: „Мојот син Џек го направи својот прв ‘Ајрон-мен’ 70.3 минатата година. Сите деца влегоа на лондонскиот маратон собирајќи пари за детската болница „Грејт Ормонд“. Тана ќе се посвети на 10. маратон. Јас се пријавив за маратонот во Лондон и на два во Лос Анџелес“.

Поврзани содржини