Познатиот британски готвач Гордон Ремзи, на една двојка им го платил целиот износ за венчавката откако им ја „уништил“ церемонијата на приватната плажа, пишува „Сан“.
Додека се забавувале и фотографирале, славниот готвач истовремено ја снимал својата нова емисија „Идни ѕвезди на храната“ (Future Food Stars).
Младоженецот Чарли рекол дека присуството на Гордон било вистински кошмар и дека тој им ги уништил свадбените фотографии.
– И двајцата работевме толку напорно за да заштедиме за тој ден. На крајот, се чувствувавме како статисти во шоуто – изјавил Чарли за британските медиуми.
Имено, двојката платила 1.300 фунти за храна за шесте лица кои присуствувале на свадбената прослава.
Тие подоцна добиле извинување од тимот на Ремзи.
„Жал ни е што ви го уништивме специјалниот ден, тоа не беше намерно. Како што знаете, ја плативме вашата венчавка во целост. Се надеваме дека се искупивме“, пишувало во пораката што ја добиле, а готвачот им ги вратил парите за уништената венчавка.