Диџејот и музички продуцент Ерик Мориљо е пронајден мртов во неговата куќа во Мајами Бич во понеделникот наутро. Го пронашле полицајците кои по пријавата отишле на местото на настанот. Трагичната смрт на Мориљо се случила еден месец по неговото апсење заради сомнение за сексуален напад.
Околностите за смртта на 49-годишниот Мориљо не се познати.
Музичарот се прослави во 90-тите со денс хитот „I Like To Move It“, кој го издаде под уметничкото име „Reel 2 Real“, а исто така освои и награди како „Најдобар хаус диџеј“ и Најдобар меѓународен диџеј.
Диџејот бил уапсен пред четири недели откако ДНК била пронајдена на жртвата на силување, но тој го негирал сето тоа. Мориљо се предал на полицијата и бил ослободен со кауција.
Силувањето наводно се случило во 2019 година на неговата забава. Жртвата тогаш на полицијата ѝ соопштила дека тој сакал секс со неа, а таа дошла кај него со „Убер“ и кога се пресоблекла во костим за капење за да се искапе во неговиот базен, тој почнал да ја напаѓа. Кога Мориљо ѝ се извинил, таа решила да преспие во куќата, сама.
Но, откако се разбудила, била гола, а тој стоел покрај нејзиниот кревет, исто така гол, рекла жртвата. Таа почувствувала болка и се јавила на 911 за да го пријави силувањето. Медицинскиот персонал ја прегледал, а тестот покажал дека е пронајдена неговата ДНК.
FOTO: Instagram