Славниот актер се вакцинираше по една година мината во карантин (ВИДЕО)

Неговите обожаватели веднаш му испратија многу убави желби и му порачаа да биде внимателен.

1,265

Актерот Ентони Хопкинс се вакцинираше против вирусот ковид-19, а тоа го документираше со видео што го објави на Инстаграм.

Заедно со снимката, тој во кус текст му се заблагодари на медицинскиот персонал и коментираше дека поминал една година во карантин.






– Ова е светлото на крајот од тунелот (по една година самонаметнат карантин) – напиша Хопкинс, најпознат по улогата на сериски убиец Ханибал Лектор во „Кога јагнињата ќе стивнат“.

Неговите обожаватели веднаш му испратија многу убави желби и му порачаа да биде внимателен.

Бидејќи на 1 јануари годинава тој наполни 83 години, актерот спаѓа во ризичната група.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anthony Hopkins (@anthonyhopkins)

Поврзани содржини