Славниот актер уапсен за силување на три жени

1,266

Актерот Дeни Мастерсон, познат по улогата во хит серијата „Лудите седумдесетти“, е обвинет за силување на три жени на почетокот на 2000 година.

Жените во периодот од 2001 до 2003 година имале дваесет години.






Мастерсон, кој сега има 44 години, ги негира обвинувањата и вели дека го гонат поради неговото членство во Скиентолошката црква.

Доколку биде осуден, би можел да добие и  до 45 години затвор.

Обвинителите не поведоа постапка за уште два случаи, поради недостаток на докази и застарување.

Неговиот адвокат, Том Месереј, рече дека Мастерсон е невин.

– Очигледно е дека Мастерсон и неговата сопруга се шокирани од овие речиси 20 години стари тужби кои  беа одеднаш покренати и тие веруваат дека вистината наскоро ќе излезе на виделина“, пишува во изјавата на адвокатот.

„Нетфликс“ го исфрли Мастерсон од комедијата „Ранч“ во 2017 година, откако беа поднесени тужбите.

– Никогаш не сум бил обвинет за кривично дело, а камоли осуден. Вие сте невини во оваа земја сè додека не се докаже вината. Сепак, заради сè што се случува сега, се чини дека си виновен во моментот кога си обвинет – рекол актерот тогаш.

Мастерсон е во брак со актерката и манекенка Бижу Филипс од 2011 година.

Минатата година четири жени поднеле тужба против Мастерсон и Скиентолошката црква, тврдејќи дека биле прогонувани, малтретирани и заплашувани поради пријавата за наводното злоставување.

Серијата „Лудите седумдесетти“, во која глумеа и Ештон Качер и Мила Кунис, се прикажуваше од 1998 до 2006 година и беше популарна низ целиот свет.

FOTO: YOUTUBE/SCREENSHOT/EVGENEDV

 

Поврзани содржини