СЛАВНИОТ АКТЕР ПОБЕДЕН ОД КОРОНАТА Сони Чиба од „Кил Бил“ почина на 82 години

За мене, најпријатната улога е лошиот човек - му рекол Чиба на Џонатан Рос во ТВ интервју од 2007 година.

1,935

Незаборавниот каратист од „Кил Бил“ на Тарантино, Јапонецот Сони Чиба, ненадејно почина на 82 години од компликации поврзани со ковид, јавува Би-Би-Си. Борецот од „Стрит Фајтер“ и од „Брзи и бесни“ трагично ја заврши својата пет-децениска филмска кариера, а беше “скромен, грижлив и пријателски човек“, вели за него неговиот личен агент.

Чиба студирал боречки вештини и карете во 1960-тите и ги следел стапките на Брус Ли. Имал црн појас во шест различни боречки вештини!






Филмската академија на Оскарите вчера се прости со него на Твитер.

 

 Богатата кариера на Чиба почнала со филмови како „Стрит Фајтер“ каде беше безмилосен платеник и анти-херој наречен Такума Цуруги. Следеле бројни јапонски филмови и ТВ серии, а тој секогаш бил негативецот.

– За мене, најпријатната улога е лошиот човек – му рекол Чиба на Џонатан Рос во ТВ интервју од 2007 година.

Човекот кој, според Луис Тан од „Мортал Комбат“ ги „спои цврстината и длабочината“ во своето глумење, во „Кил Бил“ беше пензиониран суши-самурај кој ѝ помогна на Ума Турман, невестата во филмот, да купи меч на црно.

„Вистинска акциона легенда. Вашите филмови се вечни, а вашата енергија инспирација”, напиша неговиот колега Луис Тан на Твитер и сподели слики од младоста на Чиба.

 

Поврзани содржини