Славниот актер обвинет дека силувал малолетничка

568

Актерот Ансел Елгорт тврди дека имал однос со 17-годишната девојка во 2014 година, негирајќи го нејзиното тврдење дека сексуално ја напаствувал.

Девојката во петокот проговори за своето искуство со актерот во сега избришаниот твит, и таму вели дека се поврзала со него преку социјалните мрежи пред пет години.






„Не можам да тврдам дека не ги разбирам чувствата на Габи, но нејзиниот опис на настанот едноставно не е она што се случи. Никогаш не сум нападнал никого“, напиша Елгорт за обвиненијата.

„Она што е вистина е дека бевме заедно во Њујорк во 2014 година, кога имав 20 години. Габи и јас имавме краток, легален и сексуален однос на кој таа се согласи. За жал, не раскинав убаво со неа. Престанав да ѝ одговарам на пораките, што е незрело и сурово“, напиша актерот.

Законската граница за стапаување во сексуални односи во државата Њујорк е 17 години.

 

 

Поврзани содржини