Познатиот актер Џон Кузак беше нападнат од полицијата за време на протестот во Чикаго по повод убиството на Џорџ Флојд. Тој го сними целиот инцидент и го објави на својот профил на Твитер со порака:
„Не им се допадна тоа што го снимав автомобилот што гори, па ми пријдоа со палките. Удираа по мојот велосипед. Еве како звучеше тоа“, го објавил видеото Кјузак.
– Тргни се оттука! – полицајците викале на него, трескајќи со нивните палки врз велосипедот.
Патем, Кjузак поминал низ протестот и снимил сè што виде. Тој ги објавува и снимките од другите луѓе, кои сведочат за ескалираната ситуација во градовите ширум Америка. Објавите се повеќе од вознемирувачки, а странските медиуми веќе наголемо објавуваат околу целата драма.
Cops didn’t like me filming the burning car so they came at me with batons. Hitting my bike.
Ahhm herea the audio pic.twitter.com/tfaOoVCw5v— John Cusack (@johncusack) May 31, 2020