Славниот актер ги шокираше фановите со селфи: Изолација, а ова е само шеста недела ФОТО

3,017

Холивудскиот актер Пирс Броснан ги шокираше своите фанови со селфито што го споделил на Инстаграм.

„Изолација, а ова е само шеста недела“, се пошегувал поранешниот Џејмс Бонд со фотографија која ја споделил со своите 1,3 милиони следбеници на Инстаграм.






Некои од нив веднаш се пошегувале дека повторно се припрема за улогата на Робинзон Крусо која ја толкуваше во 1997 година. Други забележале дека личи на ликот во последниот филм за Џејмс Бонд во кој го глумеше тајниот агент 007, „Умри дру ден“ (Die Another Day), во кој беше затвореник во Северна Кореја.

Не е познато кога настанала ваквата фотографија бидејќи 66-годишниот актер пред три дена споделил снимка од својот дом на која не изгледа вака.

„Моето име е Брада… Џејмс Брада“, се пошегувале неговите обожаватели на социјалните мрежи.

Пирс минатата неделаѝ посветил објава на сопругата Кили Шеј Смит по повод нивната годишнина. Парот се запознал во 1994 година, а во брак се од 2001 година.

Актерот пред новинарката беше во брак со актерката Касандра Харис, која почина од рак во 1991 година. Таа беше девојка на Бонд во филмот „Само за твоите очи“ (For Your Eyes Only) од 1981 година во кој Бонд го глумеше Роџер Мур.

Пирс е татко на тројца синови, 19-годишниот Париз и 23-годишниот Дилан кои ги има со сегашната сопруга и 36-годишниот Шон кој го има од бракот со Касандра. Освен тоа, тој ги посвоил и Шарлот и Кристофер, двете деца од првиот брак на Касандра.

 

FOTO: Instagram

Поврзани содржини