Славната водителка откри дека ракот напредува незапирливо: Ги гледам своите деца и знам дека нема да ги видам кога ќе наполнат 18 години (ФОТО)
Водителката на Би-би-си, Дебора Џејмс, неодамна открила дека ракот на цревата од кој боледува „брзо напредува во лоша насока“, откако на новите рентген снимки ѝ откриле нов брзорастечки облик на туморот во близина на нејзиниот црн дроб кој не реагира на експерименталните лекови што ги земала.
Оваа 39-годишна водителка која живее со ракот на цревата во четврти стадиум, на Инстаграм порачала дека тестовите во лондонската болница покажале загрижувачки резултати.
Дебора истакнала дека во последните денови се чувствува како да е на дното.
„Вистина е дека мојот рак никогаш всушност не исчезна. Заспал накратко, но сега повторно се врати и овој пат лековите не делуваат“, напишала таа во својата колумна за „Сан“.
Таа детално објаснила и какви можности има сега, додавајќи дека нејзиниот онколог „сака да се врати на хемотерапија“.
Акцентирала дека веќе ја преминала границата, бидејќи ѝ пркоси на проценката дека луѓето со рак на цревата живеат најмногу две и пол години по дијагнозата, а нејзе истата ѝ била поставена во 2016 година.
„Немам многу можности. Знам, истражував сè со часови“, додала таа.
Таа во петокот објавила фотографија со сопругот Себастијан, па се пофалила поради тоа што го држи семејството заедно во текот на оваа „луда и застрашувачка недела“ во која добила и нова дијагноза. Инаку, парот има две деца, Хуго (12) и Елоиз (11).
„Иако се гледа дека сум дошла до самото дно, сè уште не се откажувам од надежта“, напишала таа.
Дебора лани почнала да консумира нови експериментални лекови кои штотуку се испитуваат, а за тоа „зелено светло“ добила од својот онколог.
На оваа Британка во декември 2016 година ѝ бил дијагностициран карцином, а таа повеќепати истакнала дека како вегетаријанец била последната личност за која лекарите би рекле дека боледува од таа опасна болест.
View this post on Instagram
Минатата година, по неколку години операција, хемотерапии и радиотерапии, Дебора се подложила на методи со сајбер нож и аблација. Ова се покажало како правилен потег, па нејзиниот рак станал неактивен, а таа продолжила да ја користи терапијата со лекови. Сепак, оваа пролет открила дека ракот повторно се разбудил.
Дебора додала дека јазолот што се појавил не може да се оперира и дека нејзиното тело веќе не е во состојба да се справи со каква било радиотерапија. Сепак, како што ракот кај неа се шири на „ограничени места и специфичен начин“, споменатите локални терапии – комбинација на сајбер нож и аблација – досега имале позитивен исход.
„И понатаму се плашам, и понатаму го претпоставувам секое можно сценарио. Сè уште ја мразам општата анестезија и секојпат се плашам дека нема да се разбудам. Се грижам дали нешто тргнало наопаку.
Се плашам дека среде ноќ ќе станам нервозна што морам да спијам сама во болница. Се прашувам што доколку умрам во текот на операцијата“, истакнала таа во некоја емисија, па додала дека пред одење во болница се труди „сè да биде во ред во нивниот дом“.
„Знам дека морам да ризикувам доколку сакам да живеам. Стратегијата ме донесе тука и нема сега да се откажам“, додала таа.
Таа изјавила дека мора да ја прифати веројатноста дека нема да може да ги види своите деца кога ќе станат полнолетни:
„Навистина ми е тешко да ги гледам своите деца. Имам 13-годишно момче и 11-годишна ќерка и се прашувам дали некогаш ќе ги видам кога ќе наполнат 18 години и веројатно нема. Сè што сакам е да имам иднина и да сонувам за иднината. Сакам да го доживеам својот 40-ти роденден, да направам голема забава. Сакам да бидам 40-годишна жена, сакам да бидам Дебора, а не Дебора со ракот“, заклучила водителката.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм