Најбогатата ријалити sвезда Ким Кардашијан со новите фотографии што ги објави на социјалните мрежи целосно ги збуни своите следбеници со новите фотографии.
Многумина не ја ни препознаа, бидејќи има руса коса и сини веѓи… но, облините тешко е да не се препознаат, бидејќи по нив е и позната.
Славната старлета не напишала во коментарот за што станува збор, но познато е дека е склона кон чести промени.
Ким позирала во топ-маичка од својата колекција, а некои следбеници ѝ коментирале дека потсетува на Мадона.
Меѓутоа, Ким баш и не се прославила со ова издание, барем така велат нејзините обожаватели, кои едвај чекаат да се врати на „старото“.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм