Актерката Ким Катрал (64) , најпозната по улогата на Саманта Џонс во култната серија „Сексот и градот“, зад себе има три брака, но се чини дека конечно, во 64. година од животот, го пронашла „вистинскиот“. Тие заедно го поминале карантинскиот период.
Таа за списанието „Пипл“ признала дека вредело да се чека кога станува збор за љубовта, па сега е конечно среќна. Таа зборувала за нејзината четиригодишна врска со актерот Расел Томас (50), а парот се запознал во 2016 година, додека тој работел за Би-би-си.
– Сè ни оди лесно, се чувствувам многу пријатно кога сум во негова близина – изјавила Ким.
Пред да ја започнат врската, многу време поминувале заедно, иако сè уште не се познавале добро.
– Тој има посебна смисла за хумор, а сѐ што правиме изгледа ни дојде природно – вели актерката, која претходно не сакала да открива премногу детали за својата врска.
– Го сакам и вредеше да го чекам – заклучила Катрал. Парот моментално живее во Канада, а често одат во Велика Британија.
Ким зад себе има три брака. Првпат влегла во брачните води во 1977 година со Лери Дејвис, од кого се развела две години подоцна.
Ким успеала својот втор брак да го задржи малку подолго, па се омажила во 1982 година и останала во него седум години. Во текот на бракот со Андреа Ј. Лајсон, Ким живеела во Германија, каде течно го научила јазикот.
Третиот брак се случил многу подоцна. Се омажила во 1998 година и останала во бракот шест години со џез-басистот Марк Левинсон. Тој брак вродил со плод – книгата „Задоволство: Уметноста на женскиот оргазам“.
FOTO: Instagram