🎥 СЛАВНАТА ПЕЈАЧКА СЕ ПОВЛЕКУВА ОД СЦЕНАТА „Одам да го победам ракот“

Британската пејачка Џеси ЏЕЈ (37) објави дека привремено се повлекува од музичката сцена за целосно да се посвети на лекувањето на ракот на дојка, кој неодамна ѝ беше дијагностициран.

5,874

Британската пејачка Џеси ЏЕЈ (37) објави дека привремено се повлекува од музичката сцена за целосно да се посвети на лекувањето на ракот на дојка, кој неодамна ѝ беше дијагностициран. Таа ја сподели емотивната најава со публиката во текот на нејзиниот настап на големиот музички фестивал „Самертајм бал“, кој се одржа во недела на стадионот „Вембли“ во Лондон.

– Ова е мојот последен концерт пред да тргнам да го победувам ракот на дојка! – открила таа пред публиката.






– Затоа ова вечерва ми е толку посебно, немате поим – додала таа.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Capital (@capitalofficial)


Во текот на настапот, Џеси Џеј изрази благодарност за сè што има – вклучувајќи го животот, кариерата, синот и семејството. Таа во моментот живее во Лондон со својот двегодишен син Скај, а од 2021 година е во врска со кошаркаркарот Чанан Сафир Колман.

– Моето семејство, мојот бенд, мојата екипа… Толку сме среќни, имаме толку многу причини да живееме, толку радости и уште многу да направиме – рекла таа пред публиката на „Вембли“.

По концертот, пејачката се обратила и преку социјалните мрежи, споделувајќи ги своите искуства по настапот.

– Ако се прашувате што правам по концертот… Прво отидов на вечера со прекрасни, инспиративни пријатели, потоа се истуширав, го намачкав лицето со дебел слој крем и сега изгледам како г-ѓа Даутфаер – напишала таа на шега.

Џеси додала и дека, додека сите во куќата спиеле, таа извршувала домашни работи.

– Додека сите во куќата спијат, јас ги распакував торбите, ги завршив домашните работи, ја измив чашата на Скај и го ставив алиштата за перење. Сега седам во неговата соба и само го гледам. Плачев, среќна и исплашена во исто време. Ова момче… целото мое срце. Денеска беше посебен ден – заклучила пејачката.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jessie J (@jessiej)


Да потсетиме, Џеси Џеј неодамна откри на социјалните мрежи дека ѝ е дијагностициран рак на дојка. Во видеото што го објави, таа рече дека нејзината болест е откриена рано и дека ќе се оперира веднаш по настапот на „Вембли“.

 

 

 

Поврзани содржини