📷 СЛАВНАТА ПЕЈАЧКА СЕ ПОРОДИ ЦЕЛОСНО НАШМИНКАНА Ден по разводот откри дека е бремена, сега стана мајка по третпат
Американската раперка Карди Би (31) стана мајка по третпат, а дека е бремена објави на 1 август, само еден ден откако се дозна дека поднела барање за развод од раперот Офсет.
Американската раперка Карди Би (31) стана мајка по третпат, а дека е бремена објави на 1 август, само еден ден откако се дозна дека поднела барање за развод од раперот Офсет. Покрај новородената ќерка, тие имаат уште една ќерка и еден син.
Иако ова е трето дете на музичката ѕвезда, раперот дури по шести пат стана татко.
Во оваа убава прилика таа се огласи на Инстаграм каде откри и дека девојчето е родено на 7 септември, а објави и неколку фотографии од бебето од болница.
View this post on Instagram
Причината за разводот на славната двојка сè уште не е откриена, но познато е дека не се работи за прељуба, како што се шпекулираше откако веста протече во јавноста.
– Тие се оддалечија и тоа е она што ја натера да ја донесе оваа одлука повеќе од што било друго. Ова е нејзина одлука, нешто што таа сака да го направи – рекол тогаш извор.
Карди Би сега бара целосно старателство над децата, пишува порталот „Пејџ сикс“.
View this post on Instagram