Славната пејачка се опијанила во изолација и ја истрижила косата: Резултатот е урнебесен ВИДЕО

1,556

Дека никому не му е лесно за време на пандемијата на коронавирусот, го потврди на својот инстаграм-профил славната пејачка Пинк.

Во видеото во живо што го објавила на социјалната мрежа, ја покажала својата нова фризура, која самата ја направила во алкохолизирана состојба, и признала дека за време на изолацијата, пиењето „го претворила во спорт“.






„Кога пијам, ми доаѓаат одлични идеи“, започнала пејачката и продолжила: „Така синоќа ми падна напамет дека би можела сама да си ја скратам косата.“

Пинк тогаш ја покажала својата нова фризура, која морала да ја покрие со капа затоа што резултатот е точно онаков каков што го очекувате.

На некои делови од главата, коса воопшто нема, додека на другите има густи прамени, но се чини дека добро се справува со тоа, бидејќи се пошегувала дека мисли дека изгледа „навистина многу добро“.

Таа додала и дека вечерва можеби ќе се обиде да ја поправи штетата (се надеваме дека ќе биде трезна овој пат), па на крајот на видеото, на сите им порачала: „Останете безбедни, останете дома, истрижете ја косата.“

 

 

View this post on Instagram

 

Quarantine diaries

A post shared by P!NK (@pink) on

FOTO: Instagram/Printskrin

Поврзани содржини