Пејачката Гвен Стефани (51) се омажи за својот свршеник Блејк Шелтон (45), кој е шест години помлад од неа, објави порталот „Пејџ сикс“.
Музичката двојка имала интимна церемонија на фармата на Шелтон во Оклахома. Американските медиуми пишуваат дека Блејк веќе претходно изградил капела, со намера таму да се ожени со Гвен.
Да потсетиме, двојката се запозна во 2014 година кога двајцата учествуваа во американскиот музички натпревар „Гласот“, а двајцата во приближно исто време се разведоа од своите дотогашни партнери.
– Бевме на исто место. Двајцата се чувствувавме изневерени и кога дознавме дека минуваме низ истото, тоа нè поврза – изјавил во една прилика Блејк за магазинот „Пипл”.
Една година подоцна, тие потврдија дека се во врска, а се свршија во октомври минатата година.
Фотографиите од венчавката можете да ги погледнете тука.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм