Славната пејачка: Сѐ уште сум невина, се чувам за брак

3,270

Пејачката Ели Брук, членка на женскиот бенд „Петта хармонија“, призна дека сѐ уште е девица. Одлуката да се чува сѐ додека не се омажи, таа ја објаснила во своите мемоари, кои ги објавува на само 27 години.

Брук ги изненади своите обожаватели ширум светот кога во своите мемоари откри дека е сè уште девица на 28 години. Се чува до бракот, па сè додека не се омажи Али Брук нема да спие со мажи. Таа за сè напишала во своите мемоари, а подоцна проговорила и во интервјуто за „Холивуд роу“.






– Тоа го ставив во мојата книга, се отворив за тоа. Среќна сум што можам да го споделам со моите обожаватели и читатели, да им покажам каква одлука донесов, а тие тоа нека го прифатат како што сакаат – рекла пејачката. Додала и дека сите досегашни момчиња ја почитувале нејзината одлука.

Луѓето, додала таа, порано ја исмејувале или не ѝ верувале, но таа не се замарала со тоа.

– Имаше моменти кога луѓето ме исмејуваа или не ми веруваа, но јас едноставно морам да го имам тоа во моето срце, да ја знам својата вистина и само да пуштам да биде како што е. Неверојатно е чувството кога ќе видите дека некој го почитува тоа. Никогаш не почувствував никаков притисок – заклучила пејачката.

 

 

View this post on Instagram

 

Muchas gracias por esta hermosa oportunidad @premiosjuventud 💜

A post shared by Ally Brooke (@allybrooke) on

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини